Џиновски бод: Торино обезбеди опстанок со ремито против Лацио

Торино успеа да осигура опстанок во Серија А откако оваа екипа остана непоразена на вечерашното гостување против Лацио (0-0). Со овој бод, „торинезите“ стигнаа до салдо од 36, или четири повеќе во однос на Беневенто, кој на едно коло до крајот веќе нема никакви шанси да го задржи прволигашкиот статус.

Фудбалерите на Торино беа помотивирани на овој натпревар, очекувано со оглед на неговата важност наспроти домашните играчи кои веќе ги загубија сите шанси за место во ЛШ. Во една таква ситуација гостите беа тимот што создаде повеќе шанси, иако Лацио ја имаше најубавата – при досудениот пенал на шест минути до крајот. Имобиле не беше прецизен од белата точка против својот поранешен клуб, на огромна радост на гостите, кои до крајот успеаја да го задржат оваа реми, што значи и опстанок во елитата.

Покрај Беневенто, од Серија А сезонава испаѓаат уште екипите на Кротоне и на Парма.

Се вчитува...