Џио Струмица е есенски шампион во одбојка

Џио Струмица го доби големото дерби на македонската одбојка против Универзитет во Тетово со максимални 3-0, по сетови (25-23, 25-22 и 25-22) и со тоа се промовираше во есенски шампион.

Двата тима прикажаа одлична одбојка, а и покрај максималната победа сите три сета беа неверојатни израмнети. Првиот домаќините го добија на разлика со 25-23, додека во преостанатите два сета гостите од Тетово освојуваа по еден поен помалку.

По ова коло Џио Струмица е на врвот на првенствената табела со три бода пред големиот конкурент. Џио Струмица, Универзитет Тетово, Вардар и Борец  се четирите екипи кои ќе играат за титула. Тие ќе вкрстат и во полуфиналето од разигрувањето, но претходно ќе одиграат четирикружно во Втората фаза, вкупно 12 кола, секој со секого дома и на гости по двапати, а на тој начин ќе одредат кој од која позиција ќе почне во елиминацискиот дел.

Се вчитува...