Џиро Д’Италија ќе стартува во Бугарија

Следното издание на познатата велосипедска трка „Џиро Д’Италија“ ќе започне од Бугарија, објавија организаторите.

Министерот за туризам на Бугарија ја најави таквата можност уште во август, а неговите зборови беа потврдени во петокот од претседателот на организацискиот одбор на трката, Урбано Каиро.

„Следната година тргнуваме од Бугарија. Почетокот на трката од странство има позитивно влијание врз локалното население, но и врз Италијанците, бидејќи има можност да даде огромен поттик на извозот. Џиро е амбасадор во светот… бидејќи носи радост“, рече Каиро.

Засега не се познати сите детали од трката, но сигурно е дека првите три етапи ќе се возат во Бугарија пред трката да се пресели во Италија.

Тоа ќе биде 16-ти пат „Џиро“ да започне надвор од границите на Италија, а вторпат по ред на Балканот, бидејќи оваа година првите три етапи се возеа низ Албанија.

Се вчитува...