Џирона по пауза од 92 дена конечно се израдува на победа во шпанското првенство триумирајќи со минимални 1-0 над Мајорка во 34. коло.
Херојот на денот беше Кристиан Стуани кој ја затресе мрежата во 10. минута од средбата.
Македонскиот репрезентативец во домашните редови, Бојан Миовски доби шанса во 87. минута од средбата.
Оваа победа е од огромно значење за Џирона која е во битката за опстанок со 38 освоени бодови, пет повеќе од 18. пласираниот Лас Палмас.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА