Џо Харт доаѓа на „Олд Трафорд“ на местото на Де Хеа?

Шпанскиот интернационалец Давид Де Хеа најверојатно ќе го напушти „Олд Трафорд“ ова лето и ќе направи трансфер во Реал Мадрид, а интересни вести доаѓаат од Островот. Џо Харт, англискиот репрезентативец и долгогодишен голман на Манчестер сити, би можел да биде замената за Де Хеа на голот на Манчестер јунајтед. Тој оваа сезона го брани голот на италијанскиот калчолигаш Торино како позајмен играч, но по завршувањето на сезоната ќе мора да се врати на „Етихад“, а Пеп Гвардиола веќе одлучи дека сака да го продаде.

Манчестер сити не ја прифати понудата на Торино за уште една сезона Џо Харт да мине како позајмен играч во овој клуб, а токму Жозе Мурињо би можел да го купи како замена за Давид Де Хеа. Раководството на „граѓаните“ бара 25 милиони фунти за негов ангажман, а пред Манчестер јунајтед интерес за неговите услуги покажаа и Ливерпул и Вест Хем.

Се вчитува...