Џо Харт на голот на Њукасл?

Англискиот репрезентативен голман Џо Харт најверојатно ќе се врати во Премиер – лигата, откако минатата сезона ја помина на позајмица во Торино. Тој сега повторно треба да се јави на прозивка кај Пеп Гвардиола во Манчестер сити, но сигурно нема и да остане во редовите на „граѓаните“. Медиумите на Островот најавуваат дека Харт би можел да застане на голот на повратникот во елитното друштво, тимот на Њукасл.

Менаџерот на Њукасл, Рафаел Бенитез, не успеа да ги доведе ниту Пепе Реина, ниту Вили Кабалјеро, кои беа негови желби, па сега ќе се насочи кон Џо Харт. Раководството на Њукасл ќе се обиде да го откупи неговиот договор од Манчестер сити, иако е јасно дека Харт ќе мора да се откаже од дел од годишната плата, доколку сака да се вклопи во системот на овој клуб.

Се вчитува...