Џо Харт си најде место во Барнли

Поранешниот голман на англиската фудбалска репрезентација, Џо Харт потпиша двегодишен договор со Барнли. Вредноста на договорот не е официјално соопштена, но се претпоставува дека е околу 3,5 милиони фунти. Харт беше играч на Манчестер сити, но претходните две сезони ги помина на позајмици во Торино и во Вест Хем.

Тој имаше само еден настап за Сити откако клубот го презеде Пеп Гвардиола, а потоа Шпанецот јасно стави на знаење дека не смета на него за голманската позиција.

Харт беше стандарден дел од англискиот национален состав на претходните два големи турнири, но летово не беше во тимот на Герет Саутгејт за Светското првенство во Русија. Тој има 75 настапи за репрезентацијата. Со Манчестер сити освои две премиерлигашки титули.

 

Се вчитува...