Џо Кол се враќа во Челси

Џо Кол ќе биде дел од академијата на Челси и ќе почне да работи како тренер во младинските категории соопшти клубот. Тој во следните шест месеци ќе работи со неколку возрасни категории додека ги стекнува тренерските квалфикации.

За Кол ова ќе биде првата тренерска работ апо завршувањето на играчката кариера.

„Сакам да останам инволвиран во фудбалот и мислам дека најдобро ќе придонесам преку тренерската работа “ – изјави Кол.

Џо Кол во Челси како играч мина седум сезони во кои во 281 настап постигна 40 гола, освои три премиерлигашки титули.

Од академијатана Челси покрај тоа што излегуваат играчи како Џон Тери и Рубен Лофтус-Чик, излегуваат и тренери како Брендан Роџерс, предводникот на Целтик.

Се вчитува...