„Џокер“ од клупата: Кастро влезе и за 35 секунди постигна гол

Кога Махмуд Дауд се повреди во првото полувреме од дуелот меѓу Магдебург и Борусија Дортмунд се чинеше како дополнителен проблем. Сепак, влегувањето на Гонзало Кастро во 41. минута се покажа како „благослов“ за „милионерите“, со оглед на фактот дека токму овој фудбалер само 35 секунди подоцна го отвори резултатот во корист на гостите од Дортмунд.

Тренерот Бош за овој меч ги одмора Обамејанг и Геце, па јасно е дека овој гол е од огромно значење во обид да се избегне непријатно изненадување во Купот на Германија.

Се вчитува...