„Џокерот“ Витоло донесе победа за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид во свој стил, минимално со 1-0 го совлада Реал Валјадолид во натпревар од 30. коло во шпанската Ла лига.

Во едно динамично прво полувреме во кое домаќините ја имаа играта и поседот на топката, сепак и гостите гостите преку контра напади во неколку наврати опасно го загрозуваа голот на Јан Облак. Сепак, и покрај големиот број на шанси на двете страни на пауза се замина со почетните 0-0.

Првите возбудувања во вториот дел се случија во 70. минута кога Диего Коста на маестрален начин го совлада голманот на гостите, но сепак голот беше поништен поради офсајд ситуација.

Клучниот момент во мечот се случи во 82. минута кога по лошата интервенција на голманот на гостите, по еден корнер одлично се снајде Витоло кој во игра влезе само девет минути порано на местото на Љоренте.

Aтлетико Мадрид сега е третопласиран со 52 бода исто колку што има и четвртата Севилја. Валјадолид е 15. со 33 бода односно седум повеќе од опасната зона.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...