Џон Тери ја одби понудата на Спартак Москва

Легендарниот англиски дефанзивец Џон Тери ја одби понудата на рускиот клуб Спартак Москва да го засили овој тим за претстојната сезона. Поранешниот репрезентативец на гордиот Албион од семејни причини реши да се заблагодари на раководството на рускиот клуб и ги извести дека не е во можност да се пресели во Русија.

37-годишниот Тери се уште размислува дали да ја продолжи активната фудбалска кариера, со оглед дека има понуда и од Астон Вила, каде настапуваше минатата сезона, или пак да замине во пензија и да отпочне тренерска кариера, и тоа во неговиот поранешен клуб, Челси.

Се вчитува...