Џонов: Гвинејците се специфични, досега немаме играно со таква селекција…

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Македонските ракометари максимално подготвени ќе го дочекаат денешниот дуел со Гвинеја, свесни за влогот – пласман во следната фаза од мундијалот за уште три квалитетни средби во Вараждин со селекциите на Франција, Австрија и на Катар.

Гвинеја на првите две средби покажа зошто важи за аутсајдер во групата, но клучно од се ќе биде да нема потценување од наша страна, бидејќи ако се одигра на нивото од нашите дуели со Унгарија и со Холандија, рутински ќе стигнеме до позитивен резултат.

„За натпреварот со Гвинеја мора да бидеме максимално подготвени, затоа што се посебен вид на репрезентација, немаме играно со таква селекција. Играат поинаков ракомет, треба да не ги потцениме и да бидеме максимално борбени како во претходните две средби за да дојдеме до посакуваната победа. Гвинејците може да бидат непредвидливи во некои потези и ситуации на теренот. Мора да внимаваме и да бидеме сконцентрирани. Атмосферата во која играме не мотивира, се надевам дека сите ќе продолжат да не поддржуваат во истиот стил“, изјави Иван Џонов.

Се вчитува...