Џонов: Пролет прво да го добие Радовиш, па потоа ќе мисли на Охрид

Тинекс Пролет во одлична атмосфера го дочекува денешниот меч со Радовиш во 19. коло во ракометната Суперлига на Македонија.  Без оглед на убедливиот пораз од Вардар во минатата рунда, ракометарите на Тинекс Пролет влегуваат со голем оптимизам во најважните натпревари сезонава.

Избраниците на Лембанов ќе ја имаат фаворитската улога во пресметката со „фенерџијата“ Радовиш, што треба да биде увертира за одлучувачкиот меч за пласман во плејофот и гостувањето против Охрид викендов.

„Атмосферата во екипата е крената на едно повисоко ниво, работевме напорно во текот на подготовките и тоа е забележливо и на првите средби во новата година. Радовиш е последен на табелата, квалитетот е на наша страна, но тоа не значи дека треба да се опуштиме. Овој ривал никако не смее да се потцени, мораме да одиграме квалитетни 60 минути и со тоа уште повеќе да си ја кренеме самодовербата пред дуелот со Охрид. Мечот со охриѓани ќе биде најважен за нас, но одиме чекор по чекор, најпрвин да го победиме Радовиш, а потоа целосно ќе се фокусираме на таа средба“, истакнува Иван Џонов.

Се вчитува...