Џонс по девет години го напушта Јунајтед

Фил Џонс по девет години ќе го напушти Манчестер Јунајтед и ќе се пресели во италијанското првенство, пренесуваат англиските медиуми. Како најголем фаворит за неговиот потпис е Рома каде во моментов игра неговиот соиграч од „златните денови“ во Јунајтед Крис Смолинг.

Покрај Рома фаворит за неговиот потпис е и Интер каде исто така ќе има познато опкружување, бидејќи во дресот на „нероаѕурите“ се Јанг, Лукаку и Алексис Санчез.

Со доаѓањето на Хари Мегвајер, Фил Џонс го загуби местото во Јунајтед и затоа со клубот се договориле дека е време Англичанецот да ја промени средината.

Се вчитува...