Џордан: Еден на еден победувам против секого, освен…

Документарецот „Последниот танц“ кој е посветен на Мајкл Џордан и Чикаго Булс ги урива сите рекорди на гледаност. Поради пандемијата на коронавирусот и стопирањето на спортот во светот, апсолутно цел свет говори само за документарецот посветен на Ем-Џеј и компанија. Тој беше запрашан дали постои кошаркар од кој би можел да загуби еден на еден.

„Не верувам дека би можел да изгубам од било кого. Освен за Коби Брајант. Не сум сигурен дека би можел да го добијам еден на еден“, изјави Џордан. 

Минатата недела премиерно беа прикажани првите две епизоди од документарецот во продукција на ЕСПН, а следните две на програмата ќе бидат оваа недела.

Се вчитува...