Џордан: Го мразев Кукоч затоа што мојот „татко“ го сакаше повеќе од мене

Односот меѓу Мајкл Џордан и Тони Кукоч е без сомнение една од најинтересните теми во документарниот филм „Последниот танц“, кој се однесува на златната генерација на Чикаго булс, а кој деновиве има светска премиера.

Џордан и Скоти Пипен не кријат дека на самиот почеток го мразеле Тони Кукоч затоа што го донел тогашниот генерален менаџер на клубот, Џери Краус со кого во тој период не биле во најдобри односи. Џордан вака ја објаснува причината зошто не можел да го поднесе Кукоч.

„Тешко дека има поголема омраза од онаа кога децата ќе почувствуваат дека нивниот биолошки татко повеќе го сака усвоеното дете отколку неговите. А тоа беше во нашиот случај. Ние не бевме во добри односи со Џери, и не можевме да поднесеме што тој толку многу го фали, потенцира постојано Тони Кукоч“ – вели Џордан.

Џордан открива дека со годините таа омраза се претворила во љубов, но…

„Го обожувам Тони како личност и го обожував како соиграч, но некој начин токму поради Џери тој во мене будеше некоја лоша енергија“ – вели Мајкл Џордан.

Се вчитува...