Џордан Хендерсон прогласен за најдобар фудбалер во Премиер-лигата

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон е избран за најдобар фудбалер во Премиер-лигата од страна на Асоцијацијата на фудбалски новинари на Англија. Капитенот ги водеше „црвените“ до титула во Премиер-лигата по пауза од 30 години.

Тој во трката ги победи Кевин де Брајне од Манчестер Сити, Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед, како и соиграчите Вирџил ван Дајк и Садио Мане, а гласови добија и Трент Александер Арнолд и Алисон Бекер.

 

Се вчитува...