„Џордан Македонски“ ја растури Барселона

Олимпија Милано во четвртото коло ја забележа својата прва победа во Евролигата, триумфирајќи над Барселона со резултат 78-74, меч во кој во главна улога беше македонскиот репрезентативец Џордан Теодор. Триумфот на италијанскиот тим е уште поголем ако се знае дека домаќините настапија без Гаудлок, но неговото отсуство извонредно го надоополни токму Теодор, кој заедно со Калниетис беше најзаслужен за победата.

Барса фуриозно го почна натпреварот, кон средината на втората четвртина имаше и 15 поени предност, но домаќините предводени од Калниетис и Теодор успеаја да се вратат. Мечот беше израмнет се до половина од последната четвртина, кога Теодор влезе од клупата и набрзина постигна девет поени, помагајќи му на својот тим да се одлепи на „плус девет“ на две минути до крајот. Барселона стигна до три поени предност за помалку од една минута, но италијанскиот клуб знаеше како предноста да ја претвори во премиерна победа во елитното европско натпреварување.

Џордан Теодор беше извонреден реализирајќи 19 поени, седум асистенции, пет скока и две украдени топки, Калниетис постигна 14 поени, а триумфот е уште позначаен ако се знае дека покрај отсуствоото на Гадлок очаен натпревар имаше и Мицов, кој постигна седум поени со шут од поле 2/9.

Се вчитува...