Џордан: На една страна кокаин, на друга проститутки – побегнав најбрзо што можев

Мајкл Џордан повторно е во центарот на вниманието на светската јавност, по синоќешната премиера на првите епизоди од документарниот филм „Последниот танц“, во кој кошаркарската легенда говори за случувањата во последните сезони од фантастичната кариера. Воедно, тој говореше и за една случка, кога фатил голем дел од соиграчите како се забавуваат во хотелска соба со проститутки и со големо количество на кокаин.

„Имаше настан што морав да го посетам, а кога се вратив во хотелот ги побарав соиграчите. Почнав да тропам по собите од хотелот, стигнав до една, кога слушам како шепкаат дека некој е пред вратата. Кога ми отворија, видов дека речиси целиот тим е внатре. Тоа што го видов, го немав видено цел живот, на една страна проститутки, а на друга линии од кокаин, многу линии… Првото што го реков беше: Си одам и побегнав најбрзо што можев. Од тој момент, поголемиот дел од времето по хотелите го минував сам“, открива легендата на Чикаго.

За професионализмот на Џордан говореше и неговиот соиграч од првата сезона во Чикаго, Род Хигинс.

„Секогаш си правевме забави, се собиравме по десетина кошаркари на Чикаго, но Мајкл ниту еднаш не дојде. Тој цело време пиеше или сок од портокал или „севен ап“, сакаше да одмори и да биде подготвен за следниот натпревар“, изјави Хигинс.

Се вчитува...