„Џордан разочара, имa бројни лаги во документарецот кои самиот си ги измислува…“

Мајкл Џордан се уште добива бројни критики, и по завршувањето на документарниот филм „Последниот танц“ посветен на Чикаго булс и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.

Разочарувањето е големо посебно меѓу поранешните соиграчи. Скоти Пипен смета дека е претставен на лош начин, а Хорас Грант и Крех Хоџис тврдат дека документарецот е исполнет со бројни лаги, само да се удоволи на Џордан. Исто мислење има и новинарот Сем Смит, автор на книгата „Џорданови правила“ која во текот на деведесеттите години предизвика вистински хаос.

Џордан го обвини Хорас Грант дека издавал тајни од соблекувалната, а во еден дел во документарецот Мајкл тврди дека бил приморан да се повлече од кошарката. Смит тврди дека сето тоа е лага и дека никој не го терал да си оди.

„Тоа се апсолутни лаги од Џордан. Неколку работи има во документарецот за кои знам дека ги измисли, односно ги излажа. Не се тоа некои големи работи, но тоа е како кога на ТВ гледате некој филм за кој пишува дека е базиран на вистинита приказна, ама сепак има измислени работи во приказната. Ете така и овој документарец е далеку од комплетна вистина, но е базиран на вистинита приказна“ – вели Смит.

Се вчитува...