Џордан само една работа забранил во документарецот

Документарниот филм посветен на генерацијата на Чикаго Булс предводена од Мајкл Џордан, „Последниот танц“ ги урива сите рекорди на гледаност во Соединетите Американски Држави. A Џордан морал да ја одобри секоја епизода.

Американските медиуми пренесуваат дека Мајкл од продуцентот на филмот барал само една работа. Никако не сакал да се снима во неговиот дом. Изјавите и коментарите се снимани на три различни локации, но ниту една од нив не е неговиот дом во Флорида.

Тој не сакал да се види неговиот раскошен имот кој се протега на 8.500 метри квадратни и вклучува 11 спални соби и цело крило направено во кошаркарски центар со терен и фитнес.

Се вчитува...