Џордан со донација од 100 милиони долари за борба против расизмот

Легендарниот Мајкл Џордан ќе донира 100 милиони долари за борбата против расизмот. Финансиските средства ќе ги добијат бројни организации кои се борат за човековите права, а ќе бидат дистрибуирани преку неговата „Џордан бренд“ во период од десет години.

„Ќе донираме 100 милиони евра во текот на следните десет години. Мораме да бидат здружени силите со заедницата, владата и граѓанските лидери за да создадеме заедничко влијание за подобро утре. Има уште многу работа пред нас“ – се вели во соопштението од претседателот на „Џордан бренд“, Крег Вилијамс.

САД се уште е под налетот на серија големи протести по убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицаец.

Се вчитува...