Џошуа е „недопирлив“, Такам немаше сили за чудо во Кардиф

Ентони Џошуа уште еднаш потврди дека е нов владетел во светскиот бокс откако ја одбрани титулата во вечерашната борба против Карлос Такам. Камерунецот влета како резервна опција за борбата во Кардиф на местото на Бугаринот Пулев, се покажа во добро издание, но немаше сили за сензација против моќниот Британец.

Џошуа ја доби битката откако судијата ја прекина борбата во десеттата рунда, предизвикувајќи свирежи од трибините со оглед на фактот дека Такам беше во состојба да продолжи. И самиот Џошуа по борбата изјави дека „не е негово да го коментира судењето“, индиректно потврдувајќи ја грешката на судијата во рингот, кој го скрати задоволството на илјадниците фанови во Кардиф, но и милионите крај ТВ приемниците.

Судиската грешка не значи и дека триумфот на Џошуа е незаслужен, напротив светскиот првак апсолутно заслужено ги одбрани своите титули доминирајќи во сите десет рунди, при што настрадаа и двете аркади на противникот.

Ентони Џошуа делува „недопирливо“, како да почнува нова ера во светскиот бокс, по онаа на браќата Кличко.

Се вчитува...