„Џошуа – Фјури е најлесниот меч за договарање“

Легендарниот промотер Боб Арум верува дека големата „битка за Британија“ меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа ќе биде многу лесно договорена. Двајцата боксери во тешка категорија кои заедно ги имаат сите шампионски појаси сакаат да се сретнат во борба за апсолутен владетел во престижната категорија.

Фјури во моментов се подготвува за борбата со Деонтеј Вајлдер, трета од договорениот серијал, додека Џошуа мора да го брани појасот во меч со бугарскиот предизвикувач Кубрат Пулев во текот на оваа година. Ако Џошуа не го загуби овој меч, пресметката со Фјури би била следната година.

„Мислам дека преговорите ќе одат брзо, ќе биде договорено за еден ден. Ако Џошуа го победи Пулев што не би сакал затоа што Пулев е мој боксер, за дуелот со Фјури многу лесно ќе се договориме“ – вели Арум.

Боксот како и речиси целиот спорт во светот беше во застој поради пандемијата на коронавирусот. Враќањето ќе оди полека, а проблем е што во голем дел држави останува забраната настаните да се одржуваат без присуство на публика.

Се вчитува...