Џошуа го урна рекордот на Мајк Тајсон

Контроверзната одлука на судијата да ја прекине во десеттата рунда борбата меѓу Ентони Џошуа и Карлос Такам му овозможи на британскиот боксер да го урне најдоброто остварување на Мајк Тајсон.

Имено, синоќешниот триумф беше вкупно 20. во низа со нокаут за Џошуа како професионален боксер, за еден подобро од 19-те нокаути на „челичниот Мајк“.

Сега пред Ентони Џошуа е рекордот што го поседува Френк Бруно со 21 нокаут, што Британецот би можел да го израмни доколку во својата следна борба на почетокот од наредната година го нокаутира Донте Вајлдер.

Се вчитува...