Џошуа и Фјури со многу пари ќе ги „прескокнат“ Пулев и Вајлдер и ќе се соочат во мегадуел

Историската пресметка за титулата апсолутен шампион во тешка категорија кој ќе ги обедини ВБЦ, ВБА, ИБФ и ВБО појасите меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури би можела да се случи порано од предвиденото. Преговорите за овој мега-дуел се веќе почнати. Со оглед на огромниот приход кој би го генерирал овој меч главната надеж е дека ќе може да бидат исплатени противниците кој во моментов им се обврска на Џошуа и на Фјури.

Ентони Џошуа кој е сопственик на ИБФ, ВБА и на ВБо појасите има обврзен дуел со Бугаринот Кубрат Пулев, додека Фјури има обврска на трет меч со Деонтеј Вајлдер. Пулев и Вајлдер би добиле по неколку милиони долари за да се откажат од договорените мечеви, а Вајлдер кој неодамна имаше и операција наводно би се согласил на ваквата опција иако неговиот тим жестоко би се противел.

За да се случи оваа пресметка, прва во историјата за обединување на сите четири појаси ќе треба да биде надмината уште една пречка, а тоа е да се приближат завојуваните промотори на двјацата боксери кои се разбира се во војна поради поделбата на финансискиот колач од мечот.

Се вчитува...