Џошуа откри кој фудбалер според него би бил и одличен боксер

Ентони Џошуа откри кој фудбалер според него би бил одличен боксер. Тој смета дека легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин е еден од најпргавите фудбалери во историјата на фудбалот.

„Сметам дека Рој Кин би бил и одличен боксер. На Манчестер Јунајтед му треба таков човек да им ги среди проблемите и да им објасни како стојат работите. А, сметам дека и на боксот му е потребен човек како него“, изјави Џошуа. 

Тој покрај Рој Кин смета дека и Ерик Кантона доколку се одлучил да биде боксер ќе имал убава кариера.

Се вчитува...