Џошуа по победата веднаш му испрати порака на Фјури

Ентони Џошуа ги одбрани титулите во тешка категорија во верзиите ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО, откако во деветтата рунда го нокаутираше Бугаринот, Кубрат Пулев. Тој по мечот веднаш му испрати порака на Тајсон Фјури со кој ќе треба да се сретне во следната борба која уште сега е најавувана како борба на милениумот.

„Помалку зборување, повеќе акција. Подготвен сум на било кој. Видете ја мојата биографија. Ако тоа сака да биде Фјури, слободно го чекам“, изјави Џошуа. 

Се вчитува...