Македонската џудист Хамза Јашари запиша историја за овој спорт во нашава земја освојувајќи бронзен медал на Европското првенство за кадети кое се одржува во Сараево, БиХ. Ова е прв медал во џудо за Македонија на еден европски шампионат.
Во битката за третото место во категоријата до 66 килограми, Јашари славеше со ипон против Германецот Денис Мауер.
Претходно Јашари славеше победи и против Артјос Хоменко од Латвија, против Даријан Фалетар (Босна и Херцеговина) со ипон и вазари, а загуби од Шпанецот Хавиер Пена Инсаусти со ипон. Сепак, во репасажот македонскиот џудист извојува победи над Космин Букатару од Романија со ипон и Умалт Демирел од Турција со ипон и вазари и си обезбеди борба за третото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА