Џудо-тренерот од Прилеп доби 20 години затвор за обљуба на три девојчиња

Казна затвор од 20 години доби прилепскиот џудо тренер Рубин Пеески, кој беше обвинет за обљуба на четири девојчиња на кои им бил тренер.

Според портпаролот на прилепскиот Основен суд, Жарко Велески, на Пеески му е изречена и забрана за вршење професија, дејност, од 10 години.

„Осуден е за две продолжени кривични дела – обљуба со злоупотреба на положбата по член 198, став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, став 1, од Казнениот законик, како и за две кривични дела обљуба со злоупотреба на положбата по член 189 став 2 во врска со став 1 од КЗ. Осуден е на единствена казна затвор од 20 години. Исто така, му е изречена забрана за вршење професија, дејност во траење од 10 години“, изјави Велески.

За потсетување случајот беше пријавен од страна на родителите на едно од девојчињата, по што е откриено дека имало уште две девојчиња. Никое од нив не е силувано, но откриени се други полови дејствија, допири, бакнувања и блудничење пред девојчињата од страна на обвинетиот тренер.

 

Се вчитува...