Најдобриот тенисер на Босна и Херцеговина, Дамир Џумхур, е дисквалификуван од АТП 500 турнирот во Акапулко откако вербално го нападна главниот судија, упатувајќи му закана дека ќе го убие.
Дамир целосно ги загуби нервите на крајот од првиот сет при резултат 6-5 за Ботик ван Де Зандшулпа. До судирот дојде откако судијата му додели еден поен на Холанѓанецот, иако топката се чинеше дека заврши во аут, надвор од полето.
По ваквата одлука, Џумхур се скара со судијата, поради што беше и дисквалификуван. Во еден момент може да се слушне како му се заканува на главниот судија дека ќе го убие.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА