Џузепе Роси се враќа на фудбалот, потпишува за клуб од Серија „Б“

Откако одигра само 20 меча во последните четири години, италијанскиот напаѓач Џузепе Роси ќе игра за италијанскиот второлигаш СПАЛ. Тој ги минал лекарските прегледи, и треба да почне со тренинзи во екипата која игра во Серија „Б“. Италијанецот ќе биде ставен на анализа на неговата физичка состојба, со оглед дека долго време нема одиграно натпревар.

Роси има 34 години, и последен негов клуб беше Реал Солт Лејк Сити. Претходно беше дел во Џенова, Селта, Леванте, Фиорентина, Виљареал, Парма, Њукасл, Манчестер Јунајтед. Има 30 настапи за италијанскиот национален тим.

Од 2017 до сега има одиграно 20 нецели меча, и постигнато два гола.

Сепак, доколку лекарите оценат дека не може да игра, најверојатно ќе ја заврши кариерата.

Се вчитува...