Ди Франческо: Џеко? Тој е подобар напаѓач од Ибрахимовиќ!

Рома го шокираше Наполи на гости со 2-4 и му зададе голем удар во трката за шампионската титула со Јувентус. Избраниците на Еузебио Ди Франческо одиграа фантастичен натпревар, а тоа го истакна Един Џеко, и вели дека е лут затоа што неговиот тим не игра така квалитетно на сите натпревари.

„Одигравме одличен натпревар. Не може секој да му даде четири гола на Наполи среде Неапол. Но, равотевме многу по поразот од Милан во Рим, и тоа донесе резултат. Ме нервира што не играме така квалитетно на секој меч. Ни недостига континуитет, а јасно е дека Рома има завиден квалитет. За Џеко? Тој е подобар напаѓач од Златан Ибрахимовиќ! Има неверојатна техника и сенс за погодок. Многу зборував со него изминативе денови, и драго ми е што беше посебно мотивиран“, изјави Ди Франческо по синоќешниот триумф над Наполи (2-4) на гости во Неапол.

Се вчитува...