Ди Франческо: Малку ќе загубиш глава, и ќе примиш пет гола

Рома има негатива од 5-2 по првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите против Ливерпул што се одигра на „Енфилд роуд“. Можеше да биде и полошо, со оглед дека англискиот тим имаше водство од 5-0, а потоа малку ја ублажи лошата вечер со головите на Един Џеко и на Диего Пероти од пенал.

Тренерот на Рома, Еузебио Ди Франческо, не може да биде задоволен од изданието на својот тим.

„Почнавме добро, но потоа загубивме глава. И додека се освестивме, веќе губевме со неверојатни 5-о. За среќа, имаше мала реакција на крајот, па постигнавме два гола кои не вратија во игра пред реваншот. Ништо не е готово“, порача тренерот на италијанскиот тим.

Се вчитува...