Ди Франческо: Мотивирани сме повеќе и од реваншот со Барселона

Рома со пораз од 5-2 се врати на „Енфилд роуд“, но се надева дека може да направи ново чудо и да го совлада Ливерпул со три гола разлика (3-0, 4-1) за да се пласира во гоемото финале во Лигата на шампионите што ќе се игра во украинскиот град Киев. Италијанскиот тим е максимално мотивиран, а тоа го потенцира и тренерот Еузебио Ди Франческо на денешната прес – конференција.

„Мотивирани сме максимално, дури и повеќе од реваншот со Барселона. Со една таква желба, каква што покажавме на тој меч, и утре можеме да направиме ново чудо. Дали е одбраната многу поважна? Секако, се е важно, но круцијално ќе биде да не примиме гол. А ако постигнеме барем еден во првите 20 минути…Тогапш, навистина се е можно. Мораме да веруваме, а знаеме дека ќе ја имаме и поддршката на нашите верни фанови“, изјави тренерот на Рома, Еузебио Ди Франческо.

Тој нема да може да го одбере најдобриот состав, со оглед дека играчот за врска, Кевин Стротман, се жали на повреда.

„Ќе биде многу тешко да го видиме Стротман на теренот. Ќе играат најподготвените, ни требаат воини за овој меч“, објасни стратегот на „волчицата“.

Се вчитува...