Ди Канио: Имав претчувство на сензација од Македонија, лут сум и бесен на комплетниот италијански фудбал

По поразот на Италија од Македонија во Палермо, се огласи и Паоло Ди Канио, фудбалската италијанска легенда на римски Лацио и поранешен соиграч на екс-капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев од периодот на „Олимпико“.

Ди Канио не штедеше комплименти, па ја испофали македонската игра во дефанзива, нарекувајќи ја маестрална. Тој воедно и потенцираше дека имал некое претчувство за елиминација на Италија и сензација на Македонија.

„Мечот го одгледав мирно, можеби и пресмирено, зачудувачки и невообичаено, но имав некое чувство дека вака ќе заврши со елиминација на Италија од Македонија. И некако многу брзо го сфатив тоа, зашто бевме премногу нервозни. Сосема спротивно од тоа што Манчини зборуваше пред мечот. Некако од почеток бев убеден дека ни е направен омлетот, поради нервозата, а Македонија одигра импресивна одбрана. Тргнаа во напад ѝ ни дадоа гол, а голот беше дело на фудбалер што има квалитет, кого никој не го чуваше. Сите го пуштија Александар Трајковски. И откако потоа ги гледав снимките, сѐ што се случуваше, тогаш навистина збеснав. Лут сум и бесен на комплетниот италијански фудбал“, потенцираше Ди Канио.

Се вчитува...