Ди Канио: Меси е „вонземјанин“ без емоции, Нејмар е уште полош – Роналдо им одржа вистинска лекција за љубовта кон фудбалот

Пари Сен Жермен доживеа елиминација од Лигата на шампионите, елиминација за која по се изгледа најголеми виновници се Нејмар и Лионел Меси кои беа жестоко исвиркани на вчерашниот лигашки меч против Бордо во Лига 1.

Јужноамериканците беа исвиркани на претставувањето, потоа и при секој контакт со топката, но тоа не им пречеше на двајцата за влијаат врз играта и конечниот резултат со нивните потези, голови во триумфот од 3-0.

Останува да се види како ќе се развива целата ситуација во ПСЖ, но додека е жешка оваа тема критики до Бразилецот и Аргентинецот испрати некогашниот италијански ас Паоло Ди Канио.

„Меси го напушти теренот чешајќи ја главата, нема емоции. Го претпочитам Кристијано Роналдо. Дали сакате да седам на клупа против Сити? Одам во Португалија, па се враќам и постигнувам хет-трик. Го претпочитам човекот кој има душа отколку вонземјанинот без емоции. Меси ги покажа границите на својата личност. Се разбира, тој може да биде исвиркан. Го чекаа илјадници фанови. Тие сонуваа, но неговото однесување не беше правилно. Нејмар беше уште полош. Тој не прави забележителни работи и минатиот месец рече дека сака да оди во МЛС за да има три месеци одмор. Мислам, имајте почит, мора да имате некои проблеми“, рече Ди Канио за ‘Скај Спорт Италија’.

Се вчитува...