Ди Канио: Рома го донесе најлошиот од најлошите…

Рома и официјално потврди дека од следната сезона ќе биде предводена од Жозе Мурињо. Па, „Специјалниот“ по 11 години повторно ќе се врати во Серија А.

Навивачите на Рома се воодушевени што еден од најдобрите светски тренери ќе го преземе кормилото на тимот, но поранешниот играч на Лацио, контроверзниот Паоло Ди Канио смета дека тоа е катастрофален потег на раководството на „волчицата“.

Ди Канио во гласовна порака до свој пријател кој навива за Рома, вели дека ангажманот на Мурињо е најлошто нешто кое може да и се деси на Рома.

„Го доведовте најлошиот од најлошите. Разбирам дека ви треба големо име сега, но тоа е исто како да доведовте играч кој ја завршил кариерата. Мурињо само сака работа со добра плата. Го доби сега третиот отказ во четири години, го избркаа од сите клубови каде работеше изминативе четири години“ – зборува Ди Канио во пораката до својот пријател, и продолжува:

„Тотенхем му удри клоца поради лошите резултати, не направи ништо а потроши еден куп пари. Ти вела го доведовте најлошиот од најлошите. Тој е готов во секој смисла. Неговите тимови не играат фудбал, туку анти-фудбал. Можеби ќе уживате во прес-конференциите затоа што сака да биде во центарот на вниманието, но тоа е тоа. Сакате реконструкцијата на тимот а го донесовте најлошиот за такви нешта. Ова ти го кажувам од искуство затоа што знам, затоа што ми беше тренер пред седум години и ми беше навистина драг“.

Се вчитува...