Ди Марија и Икарди го решија Брест

Пари Сен Жермен оствари очекуван триумф на гости против Брест, совладувајќи го домашниот тим со 1-2. Анхел Ди Марија во 39.минута ги доведе „светците“ во водство, а потоа Единсон Кавани не реализираше одлична можност за удвојување на водството.

Брест израмни преку Самуел Грандсир во 72.минута, но Мауро Икарди влезе во игра и го реши натпреварот со погодок во 85.минута.

Пари Сен Жермен е доминантен во францускиот шампионат и по 13 кола се наоѓа на првата позиција со 30 освоени бода.

Се вчитува...