Ди Марија и Мбапе доволни за победа на ПСЖ против Ница

Пари Сен Жермен во крајно тензичен натпревар ја совлада Ница со 1-4 во премиерниот меч од воведното коло во Франција.

Првиот гол Ди Марија го постигна во 15. минута по асистенција на Мауро Икарди, додека шест минути подоцна Ди Марија и по вторпат се запиша во листата на стрелците. Домаќините намалија на 1-2 во 67. минута со голот на Ганаго.

Фудбалерот на Ница, Циприен во 74. минута доби втор жолт картон, по кој настана нервоза во домашниот табор, по која директен црвен заработи и Ерел кој му удри шамар на Паредес. До крајот во игра влезе и  Килијан Мбапе на кој му требаа само десетина минути да запише гол и асистенција. Тој на 1-3 зголеми во 88. минута, а конечните 1-4 ги постави Икарди по асистенција на Французинот.

Со победата „светците“ се издвоија на врвот на табелата со 24 бода, пет повеќе, но и натпревар повеќе од второпласираниот Нант, а Ница остана деветта со 13 бода.

Се вчитува...