Ди Марија и Мбапе распукаа по Олимпик Марсеј

Пари Сен Жермен доживеа елиминација во Лигата на шампионите, но пресилен е за домашниот француски шампионат. „Светците“ славеа со 3-1 во дербито против Олимпик Марсеј и сега имаат неверојатни 30 бода предност во однос на вечерашниот ривал, кој се наоѓа на четвртата позиција на табелата. ПСЖ има 77 бода, а второпласираниот Лил дури 20 помалку. Тоа доволно отсликува каква е разликата во квалитет меѓу ПСЖ и останатите екипи во Франција.

Килијан Мбапе пред самиот крај на првото полувреме донесе предност за ПСЖ, а ја анулираше Валери Жермен веќе на почетокот на вториот дел. Но, Амхел Ди Марија со два гола го порази Олимпик Марсеј. Аргентинецот погоди во 55. и во 66.минута од мечот, а гостите немаа одговор, откако останаа и со играч помалку по исклучувањето на голманот Стив Манданда.

Во судиското продолжение Мбапе не успеа да реализира пенал за уште поубедлив триумф на Пари Сен Жермен.

Се вчитува...