Ди Марија на лето се сели во Серија А!?

Актуелниот италијански шампион Интер може да добие бесплатно засилување на лето и тоа во аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија.

Според италијанскиот весник „Република“, Ди Марија му е понуден на Интер и на „Џузепе Меаца“ со две раце ќе го прифатат крилниот напаѓач, а тој на лето би дошол како слободен фудбалер зашто договорот со Пари Сен Жермен му истекува на крајот на сезонава и изненадувачки сѐ уште нема понуда од „светците“ за продолжување на соработката.

Ди Марија е дел од ПСЖ од 2015 година кога во Париз дојде за 63 милиони евра после неуспешната авантура во Манчестер јунајтед, а претходно играше за Росарио во родната Аргентина, лисабонска Бенфика и во најтрофејниот клуб на светот Реал Мадрид.

Се вчитува...