Ди Марија откри каде ќе ја заврши фудбалската кариера?!

Аргентинскиот фудбалер, Анхел Ди Марија, кој има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, истакна дека сака да остане на „Паркот на принцовите“.

Сепак, доколку „светците“ не му понудат нова соработка, тогаш 33-годишниот интернационалец ќе се врати во родниот Росарио Централ и никогаш повеќе нема да игра за друг европски клуб.

„Задоволен сум во Париз. Ако заминам, тоа ќе биде враќање во аргентинскиот фудбал. Таму ќе ја завршам кариерата“, потенцираше брзоногиот играч кој има настапувано за Бенфика, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...