Анхел ди Марија ќе продолжи да го носи дресот на ПСЖ и во наредниот период откако аргентинскиот ас денеска потпиша нов договор со „светците“, со важност до 2021 година. Актуелниот договор на Ди Марија истекуваше на крајот на сезонава, поради што аргентинскиот ас привлекуваше вниманието на неколку клубови ширум Европа.
Сепак, тренерот Тухел јасно стави до знаење дека Ди Марија е клучен играч во средниот ред од неговиот тим, по што управата ги интензивираше разговорите за нов договор. Овие преговори вродија со плод, па Аргентинецот денеска и официјално го стави потписот со кој ќе остане на „Паркот на принцовите“ уште дополнителни две сезони.
Анхел ди Марија е член на ПСЖ од 2015 година, кога потпиша за францускиот клуб од редовите на Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА