Ди Марија со еврогол му донесе трофеј на ПСЖ

Анхел ди Марија уште еднаш покажа колку е значаен за играта на ПСЖ откако аргентинскиот ас со прекрасен погодок му го донесе на својот тим трофејот во Супер-купот на Франција, за триумф од 2-1 над екипата на Рен.

Мечот се играше во Шенжен, Кина, каде фановите на ПСЖ немаа многу причини за радост во првото полувреме кое Рен неочекувано го доби со водство од 0-1. Мбапе израмни на самиот старт од второто полувреме на додавање на Сарабија, а конечните 2-1 со еврогол од слободен удар ги постави Ди Марија, кој влезе во игра во второто полувреме на местото на Андер Ерера.

Нејмар го следеше овој натпревар од трибините на стадионот во Шенжен, продолжувајќи го конфликтот со управата во обид да си осигура трансфер во Барселона

Се вчитува...