ПСЖ се пласираше во своето прво финале од Лигата на шампионите по полуфиналната победа од 3-0 против Лајпциг, со головите на Маркињос, Анхел Ди Марија и Хуан Бернат.
„Тотално ги изедовме. Од првата минута доминиравме. Ќе биде тешко да се спие по еден ваков натпревар. Многу работевме за да дојдеме до финалето и сега покажавме дека заслужуваме да бидеме тука. Не е важно кој ќе биде противник во финалето, ќе дадеме се од себе да победиме“ – истакна Ди Марија по синоќешниот дуел, притоа дополнувајќи:
„Навистина сме пресреќни затоа што ова е прво финале за клубот. Сакаме да испишеме историја. Мора вака да продолжиме затоа што само на овој начин ќе ги исполниме соништата на навивачите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА