Ди Марија за одлуката на Мбапе: Има време да оди во Мадрид…

Килијан Мбапе и официјално ги разреши сите дилеми околу неговата иднина со потпис на нов договор со ПСЖ според кој треба да остане во француската престолнина најмалку до 30 јуни 2025 година.

Оваа негова одлука зададе голем удар на Реал Мадрид кој сметаше дека го има неговиот потпис, но и збор, меѓутоа уште еднаш се покажа дека се е возможно, се е отворено додека не се стави потпис на хартија.

Ваквиот потег на Французинот привлече огромно внимание, има доста реакции, коментари, па свој став на темата даде Анхел Ди Марија кој многу добро знае како е да се игра за ПСЖ, но и за шпанскиот великан.

„Мислам дека донесе вистинска одлука. Сè уште е млад и има време да оди во Мадрид, има време да оди каде што сака, потпиша на само уште три години и ќе има 26 години, има многу пред него. Тој сака да направи историја и ќе продолжи да пишува историја овде, тој е блиску до 200 гола“, изјави Ди Марија.

Се вчитува...