Ди Марија за односот со Икарди: Се едно исто сра.е!

Доаѓањето на Икарди во ПСЖ не е на задоволство на баш сите фудбалери во редовите на францускиот шампион. Еден од оние кои не го сакаат е и Анхел Ди Марија.

Но, Аргентинецот по денешниот дуел со Анжер ги отфрли сите наводи дека е во лоши односи со сонародникот.

„Икарди добро се вклопу тука. Тие шпекулации за нашиот однос често ме насмејуваат, но од друга страна не ми е драго што постојано ги слушам. Таквите озборувања прават да изгледам како некој кучкин син… Секогаш се пишува едно и исто сра.е. Ништо од тоа не е вистина“ – изјави Ди Марија.

Се вчитува...