Ди Натале е најдобар голгетер во Серија А во последната деценија

Антонио Ди Натале е најдобар стрелец во Серија А за декадава што изминува. Со 125 гола тој ја предводи листата стрелци во италијанскиот шампионат во перидот од 2010 -2019. Тој во Удинезе помина 12 години, во кои успеа да постигне вкупно 228 гола.

Зад него на листата се наоѓаат Гонзало Игуаин и Мауро Икарди со по 121 гол. Игуаин головите ги постигна во дресовите на Наполи и Јувентус, додека Икарид настапуваше за Интер. На листата следат и Чиро Имобиле, Фабио Квалјарела, Дрис Мертенс, Единсон Кавани, Родриго Паласио, Јосип Иличиќ и Пауло Дибала.

Се вчитува...