Џанлуиџи Буфон настапи на денешниот натпревар меѓу Јувентус и СПАЛ, уривајќи го рекордот на Паоло Малдини за италијански фудбалер со најмногу настапи на клупски план.
Малдини во својата кариера имаше 902 средби во дресот на Милан, Буфон како член на Парма и Јувентус стигна до 903 натпревари. Честитки до ветеранот стигнуваа од сите страни, а Пауло Дибала стигна и да се пошегува со својот соиграч
„Џиџи, па ти никогаш не се изморуваш да уриваш рекорди“ – напиша Дибала на својот профил на социјалните мрежи, објавувајќи заедничка фотографија со Буфон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА